Ginekalikslab

Врз основа на одредбите од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42/20), Директорот на ГИНЕКАЛИКС ЛАБОРАТОРИЈА Скопје ја донесе следната

Политика за приватност

Оваа Политиката на приватност дава општи информации за обработката на вашите лични податоци и се однесува единствено за интернет страницата, а не се однесува на личните податоци кои што ги собираме на други начини.

Со оваа Политика за приватност го уредуваме начинот на кој ги собираме, користиме, одржуваме и обработуваме личните податоци собрани од корисниците при посетата на нашата интернет страница https://ginekalikslab.com/, како и за правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Ние, ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите задачи и овластувања. За заштита од неовластен пристап и користење на личните податоци на своите корисници и субјектите за кои ги чуваме/обработуваме податоците, ГИНЕКАЛИКС ЛАБОРАТОРИЈА, ги презема сите потребни технички и организациски мерки, согласно Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр.42/20) и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци.

Сепак, доставувањето на личните податоци интернет просторот, има безбедносни недостатоци и не може да се гарантира апсолутна заштита. Затоа, доставата на личните податоци може да се обави и преку пошта, телефон или со лично доаѓање во нашите службени простории.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор/обработувач на личните податоци е ГИНЕКАЛИКС ЛАБОРАТОРИЈА.

  • Адреса: ул. Крсте Црвенковски бр. 32/1 лок 2и3, Општина Ѓорче Петров, Скопје;
  • https://ginekalikslab.com/
  • Тел. +389 2 20 30 424
  • мејл: [email protected]

Офицер за заштита на личните податоци

Секој посетител може во секое време директно да контактира со нашиот офицер за заштита на податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци:

Колачиња (Cookies)

Нашата веб страница користи колачиња, кои се текстуални датотеки зачувани во информацискиот систем на посетителот преку веб прелистувачот. Колачињата содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб прелистувачите на нивните посетители од другите веб прелистувачи.

Со помош на колачињата, нудиме подобри услуги на посетителите. Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме посетителите на нашата веб страница. На овој начин се олеснува користењето на нашата веб страница. Посетителот на нашата веб страница што користи колачиња, на пр. не мора секогаш кога пристапува до веб страницата да внесува податоци за пристап, затоа што ги презема од веб страницата и колачето кое е зачувано на неговиот инфо систем.

Посетителот може во секое време да спречи поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб прелистувачот , така што може трајно да го одбие поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избрише во кое било време преку веб прелистувачот или со помош на други софтверски програми. Доколку корисникот го исклучи поставувањето колачиња преку веб прелистувачот, не ќе може во целост да ги користи сите функции на веб страницата. За поконкретни информации погледнете ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА -достапно на страната.

Кои лични податоци ги собирааме и со која цел?

Личните податоци кои ги собираме се за конкретни, јасни и законски утврдени цели, а обработката е на начин кој е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Податоците кои се собираат се лични податоци:

За време на посетата на интернет-страницата, вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет-страницата, ГИНЕКАЛИКС ЛАБОРАТОРИЈА ги обработува вашите лични податоци (лични податоци за идентификација), ако доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги и производи, и само оние податоци што лично ќе бидат внесени од посетителот при регистрацијата, со цел да стане корисник на услугите преку нашиата веб страна или кога се бара од посетителот да достави информации преку мејл адреса. Личните податоци кои се собираат зависат од тоа дали пристапувате како посетител или сте наш регистриран корисник, при што можат да се соберат следниве лични податоци: име и презиме, адреса, адреса за е-пошта, телефонски број, матичен број и сл.

Како ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги и формите за аплицирање; и преку нашиот е-mail,

Вашите податоци ги обработуваме за конкретни, јасни и легитимни цели, во минимален обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.

Категории на податоци кои се обработуваат за маркетинг

Доколку сте дале согласност за маркетиншка обработка (пр: вид на маркетинг активност во која сте биле вклучени, датум на контакт, податоци собрани на веб-страници и/или во мобилни апликации).

Основ за обработка на личните податоци

Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Вашите лични податоци може да бидат обработени ако сте ни дале согласност за обработката, која имате право да ја повлечете во било кое време

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

Собраните лични податоци ќе се обработуваат само за целта заради која се собрани. Нивната обработка ќе се врши за друга цел единствено врз основа на претходна согласност на субјектот.

Нашите корисници, имаат право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства за комуникација, да ја повлечат согласноста за обработка на личните податоци, во целост или како дел од лични податоци кои претходно биле прибрани, обработувани и чувани.

Цели на директен маркетинг

За прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на интересите на кoрисниците овие податоци се собираат врз основа на Ваша изречна согласност. Доколку не сакате да ги добивате овие содржини, може во секој момент да побарате повлекување на согласноста.

Пренесување на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи: во случај на ангажирање на даватели на услуги кои друштвото ГИНЕКАЛИКС ЛАБОРАТОРИЈА ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на друштвото и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.

Кој има пристап до Вашите податоци?

Во нашето друштво пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката.Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:

  • времето потребно за обработка на барањето;
  • наши законски или договорни обврски.

Одредби за заштита на податоците за употреба и користење на Facebook/Instagram

Facebook

На оваа веб страница, имаме интегрирано компоненти на Facebook/Instagram, кои се социјална мрежа која овозможува на корисниците да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство. Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб прелистувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле. Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница.

Instagram

На нашата веб страница постои интегрирана компонента за Instagram, која е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм. Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле. Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци. Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница. Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.

Правата на корисниците на нашата веб страница

1. Пристап до личните податоци

Имате право да биде обезбеден пристап до личните податоци кои се собрани во врска со вас и да добиете податоци: зошто ги обработуваме Вашите лични податоци, кои категории на лични податоци ги обработуваме за Вас, дали и од кои извори освен од Вас лично, собираме Ваши лични податоци, дали и под кои услови ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни, колку долго ги чуваме Вашите лични податоци, дали во нашето работење постои автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи и профилирање.

2. Исправка

Вие имате право да побарате исправка и надополнување на Вашите лични податоци. Ова право можете да го остварите во случаите кога: сметате дека Вашите лични податоци не се точни или не се потполни, сметате дека Вашите лични податоци треба да бидат дополнети заради исполнување на целта заради која се обработуваат

3. Бришење

Вие имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во случаите кога: личните податоци повеќе не се потребни за целта за која биле собрани; субјектот на личните податоци ја повлекол својата согласност и доколку не постои законска основа за обработка, имате вложено приговор на обработката на Вашите лични податоци, сметате дека Вашите лични податоци се незаконски обработени, малолетен/а сте, претставувате малолетник или сте биле малолетни во моментот кога вашите лични податоци биле првично собрани. Ова не може да биде исполнето во случаи кога ние имаме законска обврска за чување на личните податоци, согласно важечки закони, регулативи и прописи.

Бришењето на лични податоци на субјектот нема да се спроведе доколку обработката е неопходна: за остварување на правото на слобода на изразување и информирање; за усогласување со законска обврска, јавен интерес/јавно здравство или јавно овластување; за целите на архивирање од јавен интерес, за научни, историски или статистички цели.

4. Oграничување на обработката

Вие имате право да побарате ограничување (блокирање) на обработката на Вашите лични податоци. Ова право може да го остварите кога: ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, ја сметате обработката на Вашите лични податоци за незаконска, сметате дека податоците не му се потребни на контролорот, но потребни Ви се за остварување на други правни барања, барате верификација за тоа дека легитимните интереси на контролорот преовладуваат над Вашите интереси како субјект на личните податоци

5. Преносливост

Имате право да ги добиете Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да побарате истите да бидат пренесени на друг контролор. Ова право е применливо за лични податоци кои:се обработуваат врз основа на согласност или договор, се обработуваат на автоматизиран начин;

6. Приговор

Имате право да поднесете приговор врз основа на конкретна ситуација поврзана со обработката на Вашите лични податоци. Приговорот може да го поднесете за обработка на личните податоци која се заснова на јавен или легитимен интерес, вклучувајќи и профилирање, се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг, се врши за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели;

7. Исклучување од автоматско донесување на поединечни одлуки и профилирање

Имате право да барате да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматска обработка на податоци, врз основа на профилирање. Ова право можете да го остварите кога автоматското донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање предизвикува правни последици врз Вас, кога автоматското донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање има влијание врз вас како субјект на личните податоци;

8. Повлекување на согласноста за обработка на личните податоци

Имате право во секое време да ја повлечете согласноста за обработка на вашите лични податоци. Ова право можете да го остварите ако се заснова исклучиво врз основа на претходно дадена согласност за обработка на вашите лични податоци;

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци,

Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со поднесување барање за остварување на соодветното право. Барањето може да се поднесе на следниот начин: електронски на следната адреса на електронско сандаче : [email protected] или по пошта на адресата на ул. Стево Црвенковски бр. 32/1 лок.1и2, Ѓорче Петров – Скопје.

Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци: име и презиме на субјектот на лични податоци, контакти за повратни информации – адреса, телефон, адреса на електронско сандаче; барање со опис на барањето.

Право на поднесување на барање до АЗЛП

Ако сметате дека начинот на кој друштвото ГИНЕКАЛИКС ЛАБОРАТОРИЈА Скопје ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Заштита од злоупотреби

Друштвото ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап како и од нивна злоупотреба, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област.

Вашите лични податоци може да бидат обработени од трето лице – Обработувач само под услови предвидени со закон и само ако тој се согласи да ги примени истите технички и организациски безбедносни мерки.


Директор

Димитар Калчовски

Стапи во контакт

Јавете ни се за повеќе информации

+389 70 344 380 | +389 78 344 320